-->
-->
Музичарите од Истокот ја одржаа традиционалната музичка вечер
-->
Над 100 музичарите од Источна Македонија уште еднаш се собраа на музичката вечер која традиционално по осми пат се одржа во Македонска Каменица. Организатор на настанот беше групата Модерато, која со вокалот Ангела Златановска, успеаа во Македонска Каменица да ги донесе врвните музички имиња од регионот.
– Јас веќе шет години сум вокал во групата Модерато. Оваа музичка вечер за музичарите од Истокот се организира по осми пат. Имаме гости музичари од неколку градови меѓу кои од Штип, Виница, Берово, Делчево, Пехчево и други градови. Целта на оваа музичка вечер е подобра дружба меѓу музичарите без кои не може да се замисли ниту една веселба, вели Златановска.
Специјален гостин на музичката вечер беше македонската музичка легенда Ферус Мустафов, кој по вторпат учествува на традиционалниот музички собир во Истокот.
-Ова е второ мое учество на ваква средба овде во Источна Македонија. Да се надеваме дека ќе ме поканат и друг пат. Убаво е да се биде овде да се ужива во музиката и заедничката дружба, истакна Мустафов.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Опожарен стан во Ѓорче Петров, гори ѓубриште во домот „Ранка Милановиќ“
-
Русија осуди тинејџер на 12 години затвор поради испраќање пари на армијата на Киев
-
Радев: На државниот врв на Република Северна Македонија им недостасува познавање на меѓународното право
-
Трипуновски: Ги потпишав сите заостанати договори и документи во Министерството
-
Најмногу дожд наврнал во Охрид
-
На „Табановце“ се чека околу 20 минути за влез во земјава
-
Србија: Го величел напаѓачот пред израелската Амбасада во Белград и признал дека ја поддржува ИД
-
Пожарникари од четири земји и ова лето ќе бидат лоцирани во Грција за да помагаат во гаснењето на пожарите