-->
-->
МВР: 223 возачи казнети за брзо возење
-->
Во рамки на акциската контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање возачи кои управуваат со возила со брзина поголема од дозволената, полицијата казни 223 возачи.
Од нив, како што соопшти МВР, 20 возачи управувале со возилата со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а осум со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.
Притоа, 114 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 109 надвор од населено место.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за заеднички придонес за побезбедни патишта.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Дачиќ: Српското МВР испраќа 36 членови на Тимот за спасување за помош во поплавите во БиХ
-
Маск: Трамп мора да победи за да се зачува Уставот и демократијата во Америка
-
ИДФ: Нападнати центри на Хамас во поранешно училиште и џамија
-
Состојба на патишта
-
Променливо облачно со дожд
-
Црвен Крст: Апел за помош за настраданото население од поплавите во Босна и Херцеговина
-
Скопје: Со возило полно мигранти бегал од полиција, па удрил во бетонски столб
-
Посебен режим на сообраќај во понеделник во Скопје