МВР: Блерим Ахмеди го најави протестот за „Монструм“ кој требаше да се одржи денес
Mинистерството за внатрешни работи ја демантира лажната објава на социјалните мрежи на лицето Блерим Ахмеди дека наводно МВР сакало да го доведе населението во заблуда со објавата за најавениот протест за денеска во 13.30 часот.
- Во интерес на вистината, МВР ја известува јавноста дека, како и за секој најавен протест каде е потребно блокирање на сообраќајници и пренасочување на сообраќајот, Министерството ги известува граѓаните за да бидат информирани и да го организираат своето движење, се вели во соопштението на МВР.
Од МВР потенцираат дека протестот за „Монструм“ кој денес требаше да се одржи беше најавен токму од лицето Блерим Ахмеди.
Министерството за внатрешни работи за денешниот протест ги презеде сите неопходни мерки и активности за обезбедување на протестот. Претходно, преку соопштение соодветно беше информирана и јавноста.
Ново на Сител
-
Приведено лице во Стојаково, полицијата нашла марихуана во неговиот дом
-
Земјотрес од 4,3 степени според Рихтер во централна Хрватска
-
Првомајска честитка од претседателот на СПМ Љупчо Димовски
-
Пендаровски: Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава
-
Митрески: Борбата за работничките права не престанува никогаш
-
Хотелиерите очекуваат одлична туристичка сезона, исполнетоста за празниците повеќе од половина
-
Одбележување на Меѓународниот ден на трудот ширум светот
-
Денеска е Велика среда