МВР ќе издава лични карти денеска и утре

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека сите одделенија за управни работи ќе работат денеска и утре (29-ти и 30 септември 2018).
Сите барања за издавање лична карта (оштетена, изгубена или украдена), по законски спроведена постапка, ќе се одобруваат итно во сите регионални одделенија за управни работи при Министерството за внатрешни работи, само доколку подносителот не поседува биометриска патна исправа.
- Барањата за лични карти ќе се примаат и одобруваат итно заклучно со сабота (29 септември) до 16.30 часот. Веднаш по примањето на апликациите за лични карти, Одделот за информатика ќе ги изработува и ќе ги доставува до надлежниот сектор за навремена дистрибуција до одделенијата за управни работи. На денот на референдумот( недела, 30 септември) одделенијата за управни работи ќе работат само за издавање лични карти во периодот од 7 до 19 часот, соопшти МВР.
Ново на Сител
-

Три пропаднати огласи, четврти обид за избор во Судскиот совет
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Тони Менкиноски, адвокат
-

САД обезбеди дизел од Русија, во Европа ќе има недостиг до 2027
-

Бугарското МВР ја добило меѓународната потерница за Михаилова, не презеле ништо за нејзино лоцирање
-

Партиите си ја префрлаат вината – Кој го дозволи бегството на Ива Михаилова
-

Груби „победнички“ излезе од куќен притвор
-

Лични прозивки и сериозни обвинувања на седницата за поставување опозициски прашања
