МВР: Приведено е лицето кое со автомобил помина низ плоштадот во Радовиш
Во врска со случајот пренесен преку видео снимка објавена на социјалната мрежа „Тик-Ток", во која едно лице влегува на плоштадот со своето патничко возило „БМВ“, полициски службеници од ОВР Радовиш денеска (03.01.2021) во 15.00 часот во полициска станица Радовиш го приведоа Т.К.(24) од Радовиш, кој бил идентификуван како возач на патничкото возило од снимката.
Тој, на 30.12.2020 околу 22.00 часот на ул.„22 Октомври“, пред угостителски објект, со своето возило преминал преку површина наменета за пешаци (шеталиште) и постапил спротивно на поставен сообраќаен знак за ограничување на движење на возило. По документирање на случајот, против него ќе бидат поднесени соодветни поднесоци по член 124, став 3, како и член 187, став 6 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.
Ново на Сител
-
СДСМ: Истрагата се води селективно
-
Македонија одбележува 5 години во НАТО
-
Преглед на вестите од светот
-
Дел од повредените пациенти се враќаат дома
-
Уште пет пациенти денеска се враќаат во Македонија
-
Тема на денот со Арбен Таравари, Министер за Здравство
-
Проширена истрагата за пожарот во Кочани, партиите и денеска со меѓусебни обвинувања
-
Одложена расправата за Коцевски, предлогот за разрешување нема да оди во Собрание