МВР со детали за братоубиството во Гиновци
МВР соопшти детали за случајот во кој брат го убил брата си и го закопал во дворот од семејната куќа во селото Гиновце, општина Ранковце.
- На 10.06.2022 во 15.15 часот во с.Гиновци, кривопаланечко, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Ф.А.(40) од с.Гиновци, постапувајќи по пријава добиена во 14.30 часот според која тој пред неколку недели, по претходна расправија, го усмртил неговиот брат С.Џ.(29) од истото село и го закопал во дворот од семејната куќа. Полициски службеници од Полициско одделение Ранковце излегле на местото, а Ф.А. бил приведен во полициска станица и при извршен службен разговор го признал делото. Од страна на Јавен обвинител, полициска екипа, претставници од Институт за судска медицина и од Центарот за социјални работи извршен е увид, телото е пронајдено и по насока на обвинител предадено за обдукција, информираат од МВР.
По целосно расчистување на случајот против сторителот ќе биде поднесена кривична пријава, а од страна на Судија на претходна постапка определена е мерка притвор во времетраење од 30 дена и ќе биде спроведен во Казнено-поправната установа Затвор К’шање.
Ново на Сител
-

МНР препорачува да не се патува во Мексико по убиството на наркобосот Ел Менчо
-

МОН на јавна дебата во УКИМ за законот за високо образование
-

Соработка на „Макпетрол“ и МОН - нов прирачник против врсничко насилство за училиштата
-

Кириите за станови растат – каде е најевтино, а каде најскапо?
-

9 повредени во карамбол на патот Штип-Скопје
-

Приведен Артан Груби на Блаце
-

СДСМ: ДУИ го спасува Мицкоски, кој се смее додека приведуваат
-

Премиерот Мицкоски ја отвори Конститутивната седница на Советот за иновации
