Македонија
23. February 2026 - 16:37

МОН на јавна дебата во УКИМ за законот за високо образование

УКИМ ќе се залага за поголема автономија како финансиска така и кадровска порача ректорката на универзитетот на јавната дебата за законот за високо образование.

Со овој закон ќе се подобри научно истражувачката работа смета Ангелова и најави дека оваа пролет на УКИМ ќе пристигнат претставници од Шангај кои ќе му помогнат на наставниот кадар во научноистражувачката работа. УКИМ нема многу забелешки во однос на условите за избор и реизбор во звања бидејќи тие и досега ги имале највисоките критериуми како универзитет. 

ФДУ имаат голем број забелешки во однос на законските одредби со кои не се земени предвид спецификите на уметничките факултети. Кога е во прашање квалитетот во високото образование дел од професорите забележуваат дека има недоречености во законот. 

Министерството не е спротивставена страна туку  е отворено за сите конструктивни критики и веќе се работи на новата драфт верзија на законот вели Јаневска. Со приватните универзитети вели веќе е постигнат договор да нема упис на нови студенти на правни студии. 

Ова е 4та јавна дебата на универзитетите по однос на предлог законот за високо образование. Претходно министерката ги посети Универзитетот Климен Охридски во Битола, Мајка Тереза во Скопје, МАНУ а утре ќе се дискутира и со професорите на штипскиот универзитет.