Македонија
20. November 2023 - 13:12

МВР со детали за тепачката во центарот на Куманово

Кумановската полиција го расчистува случајот во кој две лица се нападнати на улицата „Маршал Тито“. Видеото од нападот се прошири синоќа на социјалните мрежи и предизвика внимание во јавноста.

Триесет и тригодишен кумановец го пријавил случајот во полицијата по полноќ.

- На 20.11.2023 во 00.15 часот во СВР Куманово, Р.Н.(33) од Куманово пријавил дека на 19.11.2023 околу 19.30 часот на ул. „Маршал Тито“, тој и Н.М. биле физички нападнати од две лица, соопшти СВР Куманово.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.