МВР со детали за вчерашната сообраќајка во која загина 45-годишен тетовец
Вчера во 16.40 часот во СВР Тетово било пријавено дека на автопатот Скопје-Тетово, кај „Требошки надвозник“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „голф“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.А.(33) од с.Требош и товарно возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, управувано од П.М.(34) од Скопје, по што удриле во патничко возило „опел зафира“, паркирано од Ш.К.(49) од Тетово и товарно возило „пежо“,поради дефект паркирано од Е.К.(27) од Тетово, двете со тетовски регистарски, велат од МВР.
На местото на несреќата починал пешакот Ф.Р.(45) од Тетово, кој претходно бил сопатник во товарното возило „пежо“, со тешки телесни повреди се здобил пешакот Е.К. кој претходно го паркирал истото товарно возило и со телесни повреди се здобил сопатникот од возилото „голф“, Е.Љ.(31) од Тетово, констатирани во Клиничката болница во Тетово.
Извршен бил увид на местото на настанот од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Тетово.
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости