МВР со детали за верижната сообраќајка во Тетово
На 20.09.2020 во 18.50 часот на бул.„Илинденска“ во Тетово се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „опел корса“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Б.С. од с.Ново Село, општина Боговиње, во кое сопатници биле Е.С.(19) од с.Ново Село, Њ.Л.(18) од с.Мала Речица и 16 годишна малолетничка од Тетово, патничко моторно возило „голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Н.Н. од с.Палатица, во кое сопатник бил малолетник од с.Палатица и патничко моторно возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.Д.(38) од Тетово.
Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобила 16 годишната сопатничка од возилото „опел корса“, која била пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.
Останатите учесници во незгодата се здобиле со трелесни повреди и им била укажана лекарска помош во Клинички центар Тетово.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа при СВР Тетово.
Ново на Сител
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на ВМРО-ДПМНЕ
-
Завршен митинг на Влен
-
Последен ден за кампања - пораки на кандидатите
-
Парламентарни избори 2024
-
Седница на ДИК за приговори од граѓани за лично избирачко право
-
Производителите на зелка бараат обештетување поради ниската откупна цена