МЗ: Финансиска поддршка ќе добијат сите здравствени работници кои се вклучени во борбата со Ковид-19
Министерството за здравство соопшти дека во следните денови ќе направи темелна анализа кои здравствени работници и институции ќе бидат опфатени со мерката за финансиска поддршка.
Сите здравствени работници од сите нивоа и институции кои работеа со пациенти со Ковид-19, како што се посочува, ќе бидат вклучени во програмата.
-Оваа мерка пред сè е наменета за оние кои беа се прва линија во борбата со коронавирусот и никој нема да биде изоставен. Во тек е допрецизирање на целиот процес. Во однос на деталите за начинот на исплата и како ќе се користат овие средства, условите ќе бидат исти како сите оние кои ќе добијат платежна картичка. За начинот на функционирање на платежната картичка повеќе информации може да се добијат во Министерството за финансии, стои во соопштението од Министерството за здравство.
Ново на Сител
-
Априлските пензии зголемени за 2.500 денари, премиерот уверува - ќе растат платите
-
Побегнал од психијатрија и пукал на вработена во Центарот за социјални грижи во Прилеп
-
Протестен марш во Скопје
-
Тема на денот со Саит Саити, Генерален секретар на Црвен крст
-
Преглед на вестите од светот
-
Пукање во Волково - Кираџија го убил газдата, го ранил неговиот син па се самоубил
-
Позитивни вести од болниците
-
Сите училишта и градинки се безбедни, ќе се прават контроли и на сите станбени згради