МЗ: Граѓаните кои ќе се регистрираат за вакцина нема потреба да го информираат матичниот лекар
Министерството за здравство информира дека пуштена e во употреба веб-страницата „Vakcinacija.mk“ (https://vakcinacija.mk/) на која граѓаните ќе можат да се пријават за вакцинација против КОВИД-19. Секој заинтересиран граѓанин кој сака да прими вакцина против коронавирусот може да се пријави на веб-страницата.
– Граѓаните потребно е да ја пополнат апликацијата за искажување заинтересираност за вакцинација против КОВИД-19. Со пополнувањето на формата, се регистрирате директно во националниот систем „Мој Термин“. Сите апликации кои ќе пристигнат ќе бидат внесени во оваа база, со што ќе се ажурира податокот кој за секој пациент го гледа матичниот лекар. Нема потреба дополнително пациентите да го бараат или информираат својот матичен лекар дека се регистрирале за да примат вакцина, информира Министерството за здравство.
Согласно распоредот предвиден во планот за вакцинација, матичниот лекар ќе ги повика и ќе ги информира за точниот датум и час кога треба да се вакцинираат на пунктот кој ќе го изберат при регистрацијата.
– Вакцинирањето е доброволно и се спроведува согласно стратегијата за вакцинација на Република Македонија. Единствениот начин за да го победиме вирусот е со вакцинација против КОВИД-19. Вакцините се развиени на безбедни и проверени платформи на кои што досега се развиваа и сите други вакцини, информира Министерството за здарвство.
Ново на Сител
-
Макрон му честиташе на Мерц: Порешителен од кога било за заедно да правиме големи работи
-
Анчелоти: Реал во одлична форма му пристапува на најважниот дел од сезоната
-
Пожар во руски регион по украински напад со дронови
-
Светските лидери му честитаа на Мерц на победата, а честитки пристигнуваат и за АфД
-
Лидерот на германските либерали Кристијан Линднер ја напушта политиката по изборниот дебакл
-
Здружението „Лесја Украинка“ со марш во центарот на Скопје ја одбележа третата годишнина од руската инвазија врз Украина
-
Билд: Демохристијаните со 197 мандати во Бундестагот, АфД со 141, социјадемократите со 114
-
Зеленски му честита на Мерц за победата на ЦДУ/ЦСУ на изборите во Германија