-->
-->
МЗ: На 6 пункта во Скопје се тестира со брзи тестови, ПЦР или брз тест е одлука на матичниот лекар
-->

Брзите тестови ги закажува матичниот лекар според претходно опреден алгоритам, а еден од критериумите е симптомите на Ковид-19 да не траат подолго од 5 дена од почетокот до тестирањето. Алгоритамот за тестирање е направен според препораките на СЗО, а матичниот лекар според земената анамнеза прави проценка дали на пациетот ќе му се земе брис за ПЦР тести или за антигенски брз тест.Термините за тестирање со брзи тестови ќе одат преку Мој термин. Мора да се напомене дека и доколку брзиот тест е негативен но симптомите сугерираат на КОВИД 19 тогаш матичниот лекар може да процени да направи дополнително и ПЦР тест.
Брзите тестови ќе го зголемат капацитететот за тестирање на КОВИД19 вирусот. Министерството за здравство се труди за што поголем број на тестирања се со цел регистрирање на позитивните случаи и ниво навремено третирање и изолирање од околината. МЗ контиунирано ќе го зголемува капацитетот како на тестирање со ПЦР така и на тестирање со брзите тестови на територијата на целата држава .
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Зеленски вели дека Кина и доставува оружје на Русија
-
Паднато дрво оштети три автомобили и скина кабли од бандерите кај „Млечен ресторан“
-
Странските студенти во САД масовно поднесуваат тужби против нивна депортација
-
Нетанјаху: Израел нема да дозволи Иран да развие нуклеарно оружје
-
Водата во Дебар, пред пиење мора да се преврива
-
Кос-Жељазков: Европската интеграција носи стабилност и безбедност во регионот на Западен Балкан
-
Трамп најави засилени трговски преговори, Кина подготвена за разговори
-
По повод Велигден автобусите од јавниот превоз во петок и понеделник ќе сообраќаат по неделен возен ред