Македонија
10. March 2020 - 18:31

МЗ: Негативни се резултатите кај првозаболената и кај шеснаесетгодишната пациентка

 

– Негативни се резултатите на првозаболената пациентка со коронавирусот, информира денеска Министерството за здравство. Таа била вторпат тестирана по дијагностицирањето на вирусот, според насоките и препораките на Светската здравствена организација.

Негативна на коронавирус е и 16-годишната пациентка со неспецифични знаци за горно респираторна болест.

Во меѓувреме, како што информира Министерството, тестирани се и другите двајца пациенти кај кои резултатите се исто така негативни на овој вирус.

-Здравствената состојба на шесте пациенти кои се лекуваат на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби е стабилна, а седмата пациентка е целосно стабилизирана и не е повеќе инфективна, но нејзиното лекување не е завршено. Таа ќе биде сѐ уште хоспитализирана на Клиниката, се наведува во соопштението на Министерството за здравство.

На денешната владина седница, се усвоија нови дополнителни мерки за превенција од ширење на корона вирусот. Од Министерството за здравство апелираат до граѓаните во целост да ги почитуваат и следат нивните препораки