Македонија
10. December 2020 - 20:18

МЗ: Починатата 22-годишна трудница имала дијабетес и проблеми со тироидната жлезда

Бремената 22-годишна девојка која почина како последица на коронавирусот имала дијабет и проблеми со тироидната жлезда, велат официјално од Министерството за здравство.

Таа на 26-ти ноември од ГАК била префрлена во ГОБ „8-ми Септември“ во многу тешка состојба. На Клиниката за Гинекологија била примена три дена поради комплицирана бременост, а породен бил и мртов плод со царски рез.

- Нејзината здравствена состојба била многу лоша и пациентката за цело време била на респиратор. Третманот со респиратор продолжил и во ГОБ „8-ми Септември“ каде била донесена во критична состојба. За време на лекувањето во двете институции преземени се сите мерки на интензивно лекување. И покрај тоа, пациентката починала на 9-ти декември, велат од Здравство.