МЗ: Со изградбата на новиот Клинички центар граѓаните ќе добијат модерна и квалитетна здравствена услуга
Министерството за здравство најостро реагира на изнесените невистини на денешната прес-конференција на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, на која беа изнесени лаги дека Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче го подготвуваат најголемиот грабеж во државата во висина од 500 милиони евра.
За изградбата на новиот Универзитетски Клинички центар, граѓаните се транспарентно и континуирано информирани. Во јавната набавка за изградба на Клинички центар нема ништо спорно, ниту пак сомнително.
Во смисла на оваа постапка за јавна набавка, согласно важечкиот Закон за јавни набавки, државата може да распише тендер за изградба на нов Клинички центар. Во врска со тоа, објавен е тендер – клуч на рака, кој подразбира проектирање, изградба, опремување, трансфер планови и реализација, обука на персонал, како и одржување на објектот и опремата за определен период за секоја последователна фаза.
Финансиската рамка за новиот Клинички центар е позната уште во 2009 година, и е содржана во физибилити студијата за пресметување на гринфилд локација, од Студијата за изводливост на проектот преместување на Универзитетските клиники во Скопје на гринфилд локација која е правена во време и нарачка од претходната влада. Насоките од оваа студија, тогашната влада ниту пак ги почитувала и наспроти јасните насоки се решиле да го реконструираат стариот клинички центар.
Во врска со финансирањето за изградбата на Клинички центар, согласно Законот за јавни набавки, тендер се распишува со планирани средства и истите ќе бидат на сметка во моментот кога ќе настанат обврските, поточно кога ќе се потпише договор.
Договорната обврска ќе настане во 2020 година, а во Буџетот на Република Северна Македонија ќе биде отворена наменска сметка во тој момент кога ќе завршат преговорите со кредиторите – постапка што се води согласно Законот за јавен долг. Таа постапка ќе заврши со закон за заем којшто се носи во владина и собраниска процедура.
Министерството за здравство и понатаму е отворено и транспарентно за појаснување или одговарање на прашања и дилеми поврзани со новиот Клинички центар, кој се реализира во согласност сите важечки закони и прописи во нашата држава.
Со изградбата на новиот Универзитетски Клинички центар сите граѓани во нашата држава ќе добијат модерна и квалитетна здравствена услуга.
Одделение за односи со јавноста Министерство за здравство
Ново на Сител
-

Хет-трик на Стефан Ристиќ за голема победа на македонската репрезентација до 17 години над Унгарија
-

Андовски: Алта банка АД Битола ги исполнувала сите супервизорски стандарди пред воведувањето администрација
-

Сиљановска-Давкова на COP31: Климатската амбиција мора да се претвори во конкретно дејствување
-

Културата како мост за поврзување со Јапонија
-

Мицкоски: Ваква енергетска криза немало досега, но поскапувања на струјата кај нас ќе нема
-

Казино во Кичево фатено како краде струја – со уред од црниот пазар манипулирале броила и направиле штета од 44.000 евра
-

Насилничките од Ѓорче Петров кои тераа 13-годишно девојче да јаде кучешки измет упатени во поправен дом
-

Јован од Струмица освои прво место на меѓународен шаховски турнир во Србија, победи двајца интермајстори и двајца фидемајстори

