МЗ: Во тек е дистрибуција на вакцините против сезонски грип низ јавните здравствени установи

Во тек е дистрибуција на вакцините против сезонски грип низ јавните здравствени установи, по што во текот на неделава граѓаните што се пријавиле за бесплатна вакцинација ќе бидат известени со СМС порака за терминот за вакцинација, информира Министерството за здравство (МЗ). Како што посочуваат, вакцинацијата против сезонски грип ќе се спроведува на 35 вакцинални пункта низ државата, од кои пет во Скопје.
-Потсетуваме дека е во тек пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип на ризичните групи население, кои може да се пријават со пополнување на апликацијата vakcinacija.mk на следниот линк: https://vakcinacija.mk/mk/registration-flu или преку својот матичен лекар. Со бесплатната вакцинација се опфатени ризичните категории население: повозрасни лица над 65 години, лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од 6 месеци до 5 години, како и лицата сместени во установи за социјална заштита на стари лица и вработените во овие установи, велат од Министерството за здравство.
Нагласуваат дека вакцинацијата претставува најефикасна превентивна мерка за заштита на здравјето.
Министерството годинава набави 80.000 дози четиривалентна вакцина од реномираниот производител „Абот“ од Холандија.
МИА
Ново на Сител
-

Сиљановска - Давкова: Да ја спречиме фрагментацијата на македонското општество и одново да ги научиме доблестите на св. Климент што ја одржуваат заедницата
-

Макрон се закани со нови царини доколку Кина не ја промени трговската политика
-

Пронајден починат маж пред Поликлиника Ченто
-

Уште една измама со лажна сообраќајка, 82-годишна скопјанка измамена за 170.000 денари
-

Келог: Мировниот договор за Украина е навистина блиску
-

Две жени и рекле дека и е фрлена магија, за да ја тргнат барале пари и накит, измамена жена од кочанско
-

Милошоски: Нема да се градат бегалски кампови во Македонија
-

Се враќа оригиналниот изглед на Железничката станица, отстранет првиот билборд
