МЖСПП: Милион евра грант од Шпанија за Охридското Езеро

Владата на Кралството Шпанија дала техничка помош со грант од приближно еден милион евра, за консултантски и инженерски услуги за системот за одведување и третман на отпадни води за Охридското Езеро, соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање.
Ресорниот министер и прв вицепремиер Изет Меџити денеска на работен состанок со амбасадорот на Шпанија во нашата земја, Рафаел Соријано Ортиз, се заблагодарил за поддршката со грантот кој е во рамки на билатералната соработка со Кралството Шпанија.
Како што информира МЖСПП, Меџити на состанокот го информирал амбасадорот Ортиз за приоритетите на Владата и Министерството за животна средина и разговарале за можностите за забрзување на процесот на интеграција на нашата земја во Европската Унија.
-Меџити изјави дека нашите две пријателски земји имаат 30 години дипломатски односи, засновани на мултилатерална соработка и меѓусебно почитување, додека Шпанија спроведува европска политика која како суштинска компонента го има проширувањето на европското семејство со цел создавање заеднички простор на правила и вредности што ќе ја осигураат благосостојбата на нашите граѓани, се наведува во соопштението.
Ново на Сител
-

Предлогот за разрешување на јавниот обвинител Коцевски утре на собраниска седница
-

Фудбалер на македонскиот фудбалски клуб Рокдејл Илинден убиен во пукањето во Сиднеј
-

Зголемено нивото на водата во повеќе реки во земјава
-

Австралискиот премиер предлага построги закони за оружје по масовното убиство на плажата Бонди
-

Богати празници со „Лото 7“: 7-ка над 1 000 000 евра може да оствари повеќе од еден сон
-

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер
-

Израелскиот Национален совет за безбедност повика на зголемена будност во странство
-

Повторно блокади на граничните премини Евзони и Ники
