-->
-->
МЗШВ: Нема поткуп, туку навремена и неселективна исплата на субвенциите за земјоделците
-->

МЗШВ го потсетува дополнителниот заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, да не манипулира со земјоделците, редовните исплати на субвенциите согласно календарот за исплата, не се поткуп туку вистинска грижа за земјоделците.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство заедно со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и рураланиот развој (АФПЗРР), во изминатите две и пол години за прв пат после 11 години воспоставија механизам за навремена и неселективна исплата на субвенциите од Програмите за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој. Сите земјоделци кои ги исполнуваат условите добиваат субвенции, нема веќе списоци за исплати.
Согласно планот, и во следниот период Агенцијата, ќе продолжи со исплатата на субвенциите од Програмата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој за 2019-та година согласно календарот за исплата. Годината што измина заврши со реализација на исплата од 99 отсто на субвенциите по Програмите за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој.
Со ребалансот на Буџетот за 2019 година се обезбедија 915 милиони денари ( околу 15 милиони евра) за исплата на заостанати долгови од претходни години, тековни мерки од 2019 година, како и за исплата на интревентните мерки. Со оваа сума, буџетот за земјоделството за 2019 година достигна близу 8 милијарди денари.
Од 1-ви јуни 2017 заклучно со 31-ви декември 2019 година се исплатија над 335,3 милиони евра за субвенции во агросекторот, стои во реакцијата на Министерството.
Наташа хаџиспиркоска Стефанова
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Вучиќ: Парламентарни избори на 18 или 25 октомври
-

Водата во Скопје е безбедна и со добар квалитет
-

Отворена веб апликација преку која странските возачи можат да ги проверуваат и плаќаат казните од „Безбеден град“
-

Научници: Пожарите во Европа ќе се зголемат за 39% дури и во најдоброто климатско сценарио
-

44-годишен затвореник преку телефон и се заканил на сопругата дека ќе ја убие кога ќе излезе од затвор
-

Ангелов: Истече кризната состојба во Гостивар - водата е чиста и безбедна за пиење
-

АХВ за овчата сипаница: Доставена е информација за донација на вакцини до Европската Комисија и Република Турција
-

Осум активни пожари низ државата
