-->
-->
МЗТ Скопје без Симоновски против Партизан
-->
Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје ослабен ќе настапи на утрешниот дуел од АБА лигата во Белград против Партизан. Во текот на вчерашниот ден тренинзите ги пропушти репрезентативецот Марко Симоновски, поради влошена здравствена состојба (вирусна инфекција). По препорака на лекарите потребно е неколку дневно мирување во домашни услови.
Ова е само дополнителен удар за ионака десеткуваниот тим со кој располага тренерот Анте Назор, во кој на претстојниот дуел со белградските „црно-бели“ нема да настапат Даниел Кларк (повреда) и Ксавиер Темс (семејна трагедија).
Местото во составот на Симоновски ќе го пополни младиот Мартин Милевски, за кога ова треба да биде прв настап во АБА лигата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Градежниците и портокаловата фаза
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт
-
Поплавени куќи, свлечишта, над 200 пријави за штети во Тетовско
-
22735 членови ќе гласаат за нов претседател на СДСМ
-
Истрага за смртта на бебето од Прилеп
-
Македонија со Влада, Мицкоски ја презеде премиерската функција