-->
-->
МЗТ Скопје по седми пат го освои Суперкупот
-->
Актуелниот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром вечерва го победи Пелистер во Суперкупот на Македонија „Драган Василов-Цевка“.
Ова е седми трофеј за аеродромци во ова натпреварување.
Битолчани беа подобар противник од бранителот на трофејот, до 15. минута од натпреварот. МЗТ Скопје надополни двоцифрена негатива која ја имаше на средина на втората четвртина и на крајот заслужено се радуваше.
Најефикасен во победничкиот тим на дуелот одигран во СРЦ „Кале“ беше Слај со 14 поени, Маслинко заврши со 10.
Кај Пелистер се истакна Бојиќ со 19 поени, Антоан застана на бројката од 14 реализации.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Методи Хаџи-Јанев, воен аналитичар
-

Утре се избираат градоначалници во Гостивар, Маврово-Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа
-

Избега од Македонија 18 годишниот возач кој без возачка, вчера усмрти жена во Капиштец
-

Извештај на ЦУК за поплави и свлечишта во најкритичните места
-

Ризикот од поројните дождови поголем во урбаните средини
-

Штети од поплавите во кочанско
-

Од март стапува на сила поригорозен закон за заштита од пушењето - се забрануваат и електронските цигари
-

Цените на становите уриваат рекорди, ќе има ли стабилизација?
