-->
-->
МЗТ Скопје подобар од Фени Индустри
-->
Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром го совладаа кавадаречки Фени Индустри во заостанатиот натпревар од 7.коло во Првата лига.
На средбата одиграна попладнево во Кавадарци, шампионот МЗТ Скопје славеше победа над Фени Индустри со 56:82 по четвртини 14-12, 11-22, 15-26 и 16-21.
Домаќините беа рамноправни само во првата четвртина која ја добија со 14-12, а веќе во втората МЗТ направи предност од 11 поени, па на полувремето аеродромци заминаа со 9 поени позитива (25-34).
Најефикасен во победничката екипа беше Јуре Лалиќ со 20, додека Радослав Спасоевиќ и Марко Симоновски постигна по 16 односно 15 поени. Кај домаќините прв стрелец беше Јане Петровски со 19 поени.
Во следното 8.коло, Фени Индустри го пречекува Кожув, додека МЗТ Скопје Аеродром го игра големото дерби против градскиот ривал Работнички.
Токму екипата на Работнички е лидер на табелата и единствениот тим кој нема пораз во прволигашката конкуренција.
Работнички е лидер на табелата со 14 бодови пред гевгелиска Блокотехна со 13, односно МЗТ Скопје и Карпош Соколи кои досега собраа по 12 бодови. По нив следуваат: Гостивар, Фени Индустри и АВ Охрид со по 11 бодови, Куманово има 10, а Струмица, Шкупи, Пелистер и Кожув по 8 бода.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Жена со автомобил удрила малолетник на пешачки и избегала
-
Жителка на Белгија ограбена на Бит Пазар
-
Почна судскиот процес против Мерко за незаконско поставување директор на ОУ „Браќа Миладиновци“ во Струга
-
Му договориле лажна средба со девојката, па го однеле во куќа каде го претепале
-
„Ѓока констракшн“ од Албанија ќе стопанисува со паркингот на Клинички во наредните 20 години
-
Електродистрибуција: Секој корисник има право да побара корекција на фактура
-
Туск: Европа може да победи во секоја конфронтација со Русија
-
Наутро постудено, преку ден топло со температури до 23 степени