На 11 години стана милионерка со едноставен рецепт на баба и!
Има само 11 години, а веќе заработува милиони. Неверојатно интелигентно 11-годишно девојче од Тексас штотуку склучи договор со 55 продавници на Whole Foods вреден 11 милиони долари за продажба на нејзиниот бренд на лимонада
Лимонадата BeeSweet на Микаила Улмер ќе се продава во Тексас, Оклахома, Арканзас и во Луизијана. Микаила доби 60.000 долари инвестиции за почетна фаза кога се појави на реалното шоу Shark Tank на Еј-би-си, каде што се (600×400)натпреваруваат повеќе иноватори со своите идеи за да добијат инвестиции.
После шоуто таа му служеше од својата лимонада и на Барак Обама, како дел од кампањата на Google, „Dare to be Digital“ и доби бројни награди за храна и претприемништво.
Својата лимонада ја прави по рецепт со ментол, ленено семе и мед, кој го наследила од својата прабаба и дел од своите производи донира на фондации коишто ги штитат пчелите.
Микаила ја добила идејата за BeeSweet кога имала само 4 години откако двапати ја каснала пчела. „Навистина ме болеше и многу се плашев од пчелите“ вели Микаила. Но, потоа почнала да ги изучува пчелите и се случило нешто чудно – била восхитена од нив. Тогаш почнала да прави план да го искористи рецептот за лимонада од прабаба ѝ за да собере пари да им помогне на пчелите.
Ново на Сител
-
Почнаа разговорите за коалиција
-
Убедливо водство на Силјановска
-
Тема на денот со Љупчо Петковски, политиколог
-
Светските медиуми известуваа за изборите во Македонија
-
Бизнисот очекува политичка промена и исполнување на ветеното
-
ГРОМ призна пораз, ЗНАМ сметаат дека се родила третата опција, Левица очекува повеќе гласови на 8ми мај
-
Преглед на вестите од светот
-
Убедливо водство на Силјановска