-->
-->
На 12 август во Македонска Каменица ќе се одржи „Ден на дијаспората 2019″
-->

Општина Македонска Каменица и Културно-информативниот центар „Романса” како организатори на традиционалната средба со иселениците и годинава го организираат настанот „Ден на дијаспората 2019“, што ќе се одржи на 12 август во манастирско-туристичкиот комплекс, „Еленец“ во селото Цера.
Од општината информираат дека годинава првпат во рамки на иселеничката средба ќе се организира и бизнис форум.
– На овој бизнис-форум со стопанственици и нашите иселеници ќе разговараме за искористувањето на потенцијалите со кои располага општината. За таа цел ќе ја презентираме програмата со предвидените мерки за развој, со кои заеднички се надеваме дека ќе обезбедиме брз развој на Македонска Каменица, во урбана и модерна општина, информираат од Општината.
Посочија дека на бизнис форумот освен иселениците и бизнис секторот ќе учествуваат и претставници на Владата.
Во рамки на културно-уметничката програма што ќе се одржи во манастирскиот комплекс „Еленец” ќе настапи локален бенд и естрадната уметничка Даниела Темелковска.
Иселеничката средба во Македонска Каменица како иницијатива првпат почна да се организира во 2014 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Првиот технолошки парк во Македонија- вештачка интелигенција која решева реални проблеми
-

Генералка викенд
-

Преглед на вестите од светот
-

Отворен иновативниот парк N99 Deep Tech Park
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
-

Румен Радев е нов премиер на Бугарија, односите со Македонија не беа дел од првото обраќање
-

Македонија без многу очекувања од новата бугарска Влада
-

ВРЕДИ утре станува партија
