-->
-->
На аеродромот во Скопје приведен гостиварец кој на Фејсбук се заканувал на Спасовски
-->
Ноќеска (10.07.2020) на Граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје“ е приведен М.М.(28) од Гостивар, кој потоа е предаден на Полициската станица Гостивар, затоа што се барал соцентрален распис од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар. На 06.07.2020 против него е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“, предвидено во член 144 став 4 од Кривичниот законик. М.М. се сомничи дека преку социјалните мрежи упатувал закани односно ја загрозил сигурноста на функционер на Владата на Република Северна Македонија. М.М. е задржан во Полициската станица Гостивар и ќе биде изведен пред судија во претходна постапка во Основниот суд Гостивар.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Мотоциклист загина при судар со автобус на патот Охрид-Ресен
-
Меџити: Гаши и Мицкоски со различна агенда се во Вашингтон
-
Богатото македонско културно наследство честа мета на крадците
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот за придобивките од членството во НАТО
-
Едно лице задржано во полиција по убиството во Тетово
-
Почна посетата на Вашингтон на владината делегација предводена од Мицкоски