На атинското пристаниште откриени 39 килограми кокаин во вредност од над еден милион евра

Во контејнер со банани што на атинското пристаниште Пиреас пристигнал од Еквадор биле откриени 39 килограми кокаин, чија вредност се проценува на над еден милион евра, соопштија од Независната управа за јавни приходи, јави дописничката на МИА од Атина.
Контејнерот од Еквадор содржел 1.080 кутии банани, а во надворешниот механизам за ладење биле скриени 34 импровизирани пакувања со запленетиот кокаин.
Случајот бил откриен по соодветни акции и искористување на информациите од анализите на ризик и процена од страна на службеници на Одделот за наркотици при генералниот директорат на Службата за гонење на економски криминал, која од неодамна е дел од Независната управа за јавни приходи, во соработка со службеници на Одделот за борба со нелегална трговија при царината во Пиреас и полициски службеници од Поддирекцијата за наркотици при Дирекцијата за борба против организиран криминал (DAOE).
МИА
Ново на Сител
-

Одбиен предлог законот на СДСМ министрите да имаат само македонско државјанство
-

СДСМ со предлог мерки за најранливите категории граѓани
-

ВМРО-ДПМНЕ: Коларевиќ и Абази се коалиција во Обвинителството, како СДС и ДУИ во политиката
-

Форумот на жени на СДСМ со пријави против омразата и навредите кон жени на социјалните мрежи
-

Неопходно е проширување на понудата за развој на туризмот
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Неда Чаловска Димовска, адвокатка и активистка
-

Подигнување на свест за машкото здравје
