На Далечниот исток се урна најмодерниот руски борбен авион
На рускиот Далечен исток, кај Комсомолск на Амур, се урна ловец „Т-50“ ( Су-57), соопшти администрацијата на Хаберскиот округ, пренесоа руските медиуми.
Авионот се уште не и припаѓал на руската војска, туку бил тестиран од локалната фабрика „Гагарин“, која ги произведува овие авиони.
Инцидентот се случил на 120 километри од аердормот „Џомги“, во текот на тестирањата.
Пилотот успеал да се катапултира, а потоа бил собран од хеликоптер „Ми-8“. Засега останува непозната здравствената состојба на пилотот.
Стручњаците наведуваат дека црните кутии треба да ја откријат причината за падот на авионот, а засега се претспоставува дека станува збор за дефект на леталото или грешка на пилотот.
Првиот лет на овој авион бил изведне во 2010 година. Руското Министерство з аодбрана има нарачано 76 вакви ловци.
Ново на Сител
-
Се гласа за Српската влада
-
Тема на денот со Иван Пешевски, ССМ
-
Масовен протест за 1 Мај: Синдикатите побараа 450 евра минимална плата од новата влада
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува
-
Охрид полн со туристи за 1 Мај
-
Експерти: Екстрадицијата на Палевски треба да се прави во најголема тајност
-
Студен туш за барањата на Максим Димитриевски - за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива