На Ѓоковиќ повторно му се заканува имиграциски притвор
– Австралискиот министер за имиграција Алекс Хок ја искористи својата лична моќ за да му ја поништи визата на Новак Ѓоковиќ, јави „Ејџ“.
Адвокатите на српскиот тенисер се подготвуваат веднаш да поднесат судска забрана против одлуката.
Доколку не ја оспори одлуката пред судот или не успее во тоа, Ѓоковиќ веднаш ќе биде депортиран од земјата.
„Го искористив своето овластување согласно Законот за имиграција за да ја поништам визата што ја имаше Новак Ѓоковиќ. Поради здравствени причини и добар ред, се во јавен интерес. Оваа одлука уследи по налогот на Федералниот и Окружниот суд согласно кој од 10 јануари е поништена претходната одлука за укинување на визата. При оваа одлука, внимателно ги разгледав сите информации од Министерството за внатрешни работи, австралиските гранични сили. Владата на Морисон е цврсто посветена на заштитата на границите на Австралија, особено за време на пандемија“, објасни Хок во соопштение.
Се проценува дека се ќе треба да се заврши во следните 72 часа, бидејќи Австралија опен почнува во понеделник.
„Ејџ“ додава дека одлуката на Хок значи дека Ѓоковиќ би можел повторно за неколку часа да биде одведен во имиграциски притвор.
Не е јасно дали федералните власти планираат да го вратат во хотелот Парк во Карлтон, каде што престојуваше заедно со бегалци кои се во притвор, додека Федералниот окружен суд не нареди негово ослободување во понеделникот.
Извори за весникот потврдија дека планот е да се врати во некоја форма на имиграциски притвор.
Ново на Сител
-
Каселакис: Ја повикуваме новата власт во Северна Македонија да се вразуми
-
Пријавена кражба на документација и компјутерска опрема од канцеларијата на УВМК во Прилеп
-
Пендаровски ѝ ја честита изборната победа на Сиљановска-Давкова и ѝ посака успех на претседателската функција
-
Лога: Непочитувањето на уставното име на државата ја прави ништовна заклетвата на Сиљановска
-
Татко пријавил дека му било испратено видео материјал од физички напад на неговата ќерка
-
Фон дер Лајен: Патот на Северна Македонија кон ЕУ да продолжи со спроведување на реформите и почитување на Преспанскиот договор
-
Силјановска Давкова не кажа „Северна“ при заклетвата во Собрание
-
Силјановска-Давкова ја презеде претседателската функција од Стево Пендаровски