Џет-Сет
9. September 2015 - 10:01

На голема жалост за машката популација: Марија Килибарда се вери!

Водителката на Твоето лице звучи познато, Марија Килибарда се пофали со веренички прстен на социјалните мрежи.

Иако не сака да зборува за романската со поранешниот кошаркар од НБА лигата Владимир Радмановиќ, убавата водителка ја потврди веридбата на социјалните мрежи.

Марија објави фотографии од летување во Грција на кои јасно се гледа прстенот.

„Можеш да ме прашаш што сакаш, но за приватниот живот не зборувам. Имам свои медиуми – социјални медиуми, таму ставам некои работи кои сакам и ги чувствувам во тој момент. Можете да заклучите што сакате“, рекла водителката за српски Блиц.

Инаку Влада и Марија биле пријатели долго време, а од минатата година започнале романса.