На ГП „Блато" приведен албански државјанин баран со меѓународна потерница

На граничниот премин „Блато" на македонско - албанската граница приведен е албански државјанин, баран со меѓународна потерница.
- Вчера во 15:05 часот на граничниот премин „Блато" на влез во државата, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Блато" го лишија од слобода А.Б.(38) од Република Албанија, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.
При пасошка и гранична контрола, полициските службеници констатирале дека бил баран со меѓународна потерница од Интерпол-Унгарија.
Тој е пренесен во Одделението за внатрешни работи - Дебар за понатамошна постапка.
На овој премин во средината на минатиот месец на влез во државава, од слобода беше лишен Ј.В. (44) од Република Албанија, кој бил баран од страна на Интерпол Луксембург.
МИА
Ново на Сител
-

Чибишев: Денот кога се случи трагедијата во „Пулс“ и наредните 30-ина дена беа еден од најтешките периоди од мојата докторска кариера
-

Ајатолахот не сакал неговиот син да го наследи, не го сметал за бистар
-

Симболична инсталација „63 бели столчиња - 63 животи“, визуелен споменик на недовршените соништа на загинатите во пожарот во Кочани
-

Стефан Михајловски со злато во Италија – Македонија со четири златни медали
-

Водата во Скопје безбедна за пиење
-

Трамп: Иран е воено слаб, но „добар“ во ширење лажни информации
-

Почина чичко Драги, човекот кој се грижеше за уличните кучиња од Рекорд
-

Најстудено изутринава во Берово, минус четири степени, највисока температура од четири степени измерена во Скопје
