На градските улици и булевари фрлени 250 тони сол
Екипите на зимската служба на Град Скопје во текот на изминатава ноќ, до утрово фрлија 250 тони сол на градските булевари и улици за да спречат појавување голомразица.
Град Скопје им препорачува на возачите да возат внимателно и да се придржуваат на условите на коловозите. Градските власти потсетуваат дека индустриската сол има ефект до - 6 степени целзиусови и поради ниските температури можно е појавување голомразица на коловозот и апелираат на голема внимателност во сообраќајот.
Во надлежност на Град Скопје се булеварите и одредени градски улици, а преостанатите улици се во надлежност на општините и тие се задолжени за нивно чистење и одржување.
- Апелираме до граѓаните, куќните совети и сопствениците на деловните објекти да се придржуваат до законската обврска за чистење на снегот од приодите до нивните објекти, соопшти Град Скопје.
ЈП „Комунала хигиена“ апелира општините да ја реализираат нивната обврска за чистење на улиците кои се во надлежност на општините и апелира за поголема ажурност во оваа област, со цел непрекинато собирање на комуналниот смет.
Ново на Сител
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Teма на денот со Зоран Јовановски
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Прва инвестиција на новата Влада вредна 500 милиони долари
-
Почна расправа за струјата
-
Од министерска во директорска фотелја – Фатмир Меџити е нов директор на Клиниката за неврологија
-
Клиниките во Скопје и Штип ќе ги лечиме на арбитража во Париз
-
На секоја втора фирма лани и било барано мито, сумите одат и до 100 илјади евра