-->
-->
На граничните премини нема подолги задржувања
-->
На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од Македонија, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози, а интензитетот надвор од градските средини е умерен.
Се препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.
Според АМСМ, во клисурите и засеците е можна почеста појава на одрони, особено на патните правци: Кочани - Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.
-->
-->
-->