На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Сообраќајот на патиштата се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти Автомото сојузот.
Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.
Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. Од утре во 12 часот, мостот на река Кумановка на патот R1204, делница Куманово – Свети Николе, ќе биде прооден за сообраќај, посочуваат од АМСМ.
Ново на Сител
-
Перински: Јавниот повик за општините веднаш по ребалансот на Буџетот, на располагање ќе ги имаат првите 100 милиони евра
-
Оливер Зафировски назначен за директор на Клиниката за пулмологија и алергологија во Скопје
-
Езерската полиција спасила две малолетни лица во водите на Охридското Езеро
-
Дефинитивно денови за паметење – Народната и забавната музика ги разгореа жештините во Кратово | ФОТО
-
Три жени повредени во сообраќајка кај „Мавровка" | ФОТО
-
Хрватска повлекува морска сол од пазарот поради присуството на пластика
-
УХМР со предупредуваање: Следува период на многу топло време
-
Автобус на ЈCП се качи на заштитна ограда пред Мавровка | ФОТО