На грчките аеродроми направени над 4.000 тестови за Ковид-19
Над 4.000 тестови за Ковид-19 биле направени на осум од 27-те грчки аеродроми што отворија вчера, заклучно со 20 часот синоќа, според информациите на грчката телевизија „Скај“, но веројатно ќе бидат повеќе со оглед на тоа дека специјалниот алгоритам согласно податоците на патниците предвидел дека треба да се направат над 5.600 тестови.
Според истите информации, на дел од аеродромите биле направени повеќе тестови од планираното, односно од она што било предвидено согласно доставените податоци преку специјалната платформа за туристите.
Па така, на атинскиот аеродром биле направени над 2.000 тестови, иако биле планирани 1.200, во Солун 400, на Крит 500, на островот Скиатос 66, наместо планираните 60 итн.
Во просек, околу 20 патници во секој лет не го имале пополнето образецот задолжителен за патување во Грција.
Грчките медиуми коментираат дека загриженост предизвикуваат податоците соопштени вчера во однос на позитивните случаи на Ковид-19 во земјата, со оглед на тоа дека од 23, десет се од „увезени“ од надвор, односно четири биле од тестовите направени на граничниот премин Промахонас (Кулата), исто толку од летови од странство и два од лица кои во Грција влегле од Албанија.
Ново на Сител
-
Агенцијата на ОН за помош на Палестинците УНРВА одби да се евакуира од Рафа
-
Тешко повреден 74 годишен велосипедист во сообраќајна несреќа во Охрид
-
Значаен пад на цените на нафтата минатата недела
-
Триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци, прва жртва при распадот на Југославија
-
Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради Денот на полицијата
-
Еден потешко повреден во експлозија во зграда во Турција
-
Галески: Сигурно е само дека Македонија ќе биде повторно твоја
-
Скопјанец и двајца штипјани нападнати во угостителски објект во Кавадарци