-->
-->
На истокот од Русија апокалиптични сцени
-->
Пријавена е голема материјална штета, поради налетите на бурниот ветер, а има и повредени лица.
Апокалиптични сцени се забележени вчера во источна Русија, откако огромна бура што со себе носеше прашина небото го претвори во портокалово, пишува „Раша Тудеј”.
На видео материјалите што ги преплавија социјалните мрежи се гледа огромен портокалов облак, што носен од многу силен ветер, за кратко време буквално проголтува град во регионот Астрахан.
Пријавена е голема материјална штета, поради налетите на бурниот ветер, а има и повредени лица.
Регионот Астрахан, припаѓа на руската република Калмикија, како и Дагестан, кој се наоѓа на северот на Кавказ.
Снимките од Астрахан на брегот на реката Волга покажуваат напуштени улици исполнети со жолт песок, додека неколку луѓе што биле затекнати надвор побегнале на безбедно. Невремето што во овој регион навлезе вчера, исто така, оштети далноводи, однесе покриви од куќи и пресече дрвја, што паѓаа врз паркирани автомобили.
Слични снимки пристигнаа и од Дагестан.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Уставен суд го поништи солидарниот данок, државата ќе враќа 49 милиони евра
-
Тема на денот со Љубомир Ѓурчевски, поранешен полициски началник
-
Четири кривични пријави за екс директорот на СОЗР
-
Уставен суд го поништи солидарниот данок, државата ќе враќа 49 милиони евра
-
Муслиу не бил дискриминиран по полова и политичка припадност, одлучи Уставен
-
Студентското радио на УКИМ заминува во историјата
-
Пријава за 4 дела за Пеце Мирчевски
-
Полиција влезе во МВР – сомнеж во јавните набавки за сервис на полициските возила