-->
-->
На Косово најмногу случаи на коронавирус во еден ден
-->
Во последните 24 часа во Приштина се обработени 429 сомнителни примероци од кои 195 биле позитивни, јави РТС повикувајќи се на Институтот за јавно здравје.
Вкупниот број на позитивни случаи на Косово од почетокот на епидемијата изнесува 3.703 од обработени 25.674 примероци.
Од Ковид-19 починале 79 лица кои имале и други болести.
Во изминатото деноноќие излекувани се уште 44 пациенти, со што вкупниот број на оздравени изнесува 1.946. Во моментов има 1.678 активни случаи.
Најмногу новозаразени има во Приштина каде од 21 до 5 часот наутро има полициски час. Полицијата ги контролира влезовите и излезите од градот.
Слични мерки има и на приодите до Урошевац, Призрен и Вучитрн, каде исто така во сила е полициски час.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата