На неговиот гроб е изградена црква: Денеска се слави овој чудотворец

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 13 септември.
Денеска е Св.свештеномаченик Корнилиј стотник (Препразненство на Крстовден).
Римјанин и римски офицер во Кесарија Палестинска. Крстен од апостолот Петар, според небесно откровение (Дела 10, 1). Беше прв од незнабожците што ѝ пристапија на Божјата Црква. Дотогаш некои мислеа дека Црквата Христова е само за Евреите и за оние што го примаат еврејското обрезание. Откако се крсти, Корнилиј остави с ѐ и тргна по апостолот Петар.
Овој апостол подоцна го постави за епсикоп и го испрати во незнабожечкиот град Скипсеосис, каде што Свети Корнилиј претрпе многу бесчестења и мачења заради Христа, но со сила Божја го урна храмот на Аполон и го крсти кнезот на тој град, Димитриј, и двесте седумдесет и седуммина нензабожци.
Откако беше известен од Бога за денот на својата смрт, тој ги повика сите христијани, ги посоветува, се помоли на Бога за нив, и мирно се престави кај Господ во својата чесна старост. Со време го заборавија неговиот гроб и стана запуштен.
Но светителот му се јави на Троадскиот епископ Силуан и му јави за својот гроб, со заповед таму да подигне црква. Епископот го изврши тоа со помош на богатиот граѓанин Евгениј. Од моштите на Свети Корнилиј се извршија многубројни чуда.
Ново на Сител
-

Западнонилска треска во Србија: Две постари лица во Белград хоспитализирани со невроинвазивна форма
-

Уапсен маж од Боговиње кој пукал на семејна веселба, а куршум оштетил покрив на куќа
-

Обвинителството поднесе жалба за Талир 2
-

Вкупно 18 пожари на отворено денеска до 18 часот, два се активни
-

Ѓорческа го предаде мечот од второто коло на турнирот во Лајпциг
-

Иран и Оман ја усогласија рамката за отворање на Ормуската Теснина
-

Уапсени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, пет од нив се малолетници
-

222 сообраќајни прекршоци од возачи на мотоцикли, 14 уапсени поради безобѕирно возење
