На Попова Шапка 0 степени, 10 измерени во Штип, Демир Капија и Гевгелија
На Попова Шапка утрово се измерени 0 степени Целзиусови, 2 во Маврови Анови, 3 во Берово и Лазарополе, 4 Крива Паланка, Претор, Крушево, 5 степени во Битола и Прилеп, 6 Тетово, Охрид, Дебар, Куманово, Велес и Кавадарци, 7 степени во Виница и Струмица, 8 Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид и 10 степени во Штип, Демир Капија и Гевгелија.
Во изминатите 24 часа, информираа од УХМР, е наврнат воден талог 21 литар на метар квадратен на Попова Шапка, 15 во Тетово, 14 Дебар, 10 Гевгелија, 8 Маврови Анови, 7 Струмица, 6 Лазарополе, 5 Крушево, 4 Охрид, Претор, 3 во Битола, Куманово и Кавадарци, 2 Скопје-Зајчев Рид, Крива Паланка, Прилеп, Штип, Велес и Тополчани, 1 Скопје-Петровец, Демир Капија, Виница и Берово.
Висината на снежната покривка во 07 часот била 36 сантиметри на Попова Шапка, а 19 на Маврови Анови.
Времето денеска ќе биде променливо облачно, по одделни котлини со појава на слаба магла, а повремени локални врнежи од дожд ќе има особено во јужните делови, каде повремено ќе бидат поројни со услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 14 степени.
Во Скопје променливо облачно, во делови од котлината магливо со услови за повремен слаб дожд. Максималната температура ќе достигне до 14 степени.
Ново на Сител
-
Владата го задолжи Министерството за правда да поведе постапка за разрешување на државниот јавен обвинител
-
Тема на денот со Бесар Дурмиши, министер за економија и труд
-
Владата иницира разрешување на Коцевски
-
10% маржа на 100 групи производи до крајот на април, мерката ќе биде донесена деновиве
-
Пукање во Чаир, еден убиен и двајца повредени
-
Какви мерки ќе има за цените?
-
Со инвестиции од 55 милиони евра во енергетиката, ќе се обезбеди струја за 20.000 домаќинства
-
Пад на листата за перцепција на корупцијата според Транспаренси