На преминот „Блато“ само во август минале над 97 илјади патници
На граничниот премин „Блато“, еден од двата, што функционираат на македонско - албанската граница кај Дебар, во август годинава забележана е за над 10 отсто поголема фреквенција споредено со истиот месец минатата година.
- Во август на влез и излез од земјава регистрирани се 97731 патник, од нив 50810 на влез и 46921 на излез од нашата земја. Минатата година на влез беа регистрирани 49099, додека на излез 41684 патници, информираа за МИА од македонското Министерство за внатрешни работи.
Зголемената фреквенција се должи на подобрената патна инфраструктура на албанска страна, по изградбата на автопатот Блато-Тирана, со што оддалеченоста е помала за повеќе од 100 километри и сега изнесува 72 километри.
На вториот граничен премин, Џепиште-Требиште, кој е од локален карактер фреквенцијата е речиси на исто ниво.
- На овој премин за влез се регистрирани 6103 патници од нив 3100 на влез, додека 3003 на излез. Минатиот август на влез се регистрирани 3058, а на излез 3055 патници, додаваат од МВР.
Овој премин во летниот период, односно од први април до 31 октомври, работи од 8 до 20 часот, додека во останатиот период, односно од 1 ноември до 31 март, од 8 до 18 часот. Право да го користат имаат само жителите од граничниот регион, што подразбира општина Дебар и областа Голо Брдо на албанска страна.
Ново на Сител
-
Обвинителството бара продолжување на мерките притвор и куќен притвор за сите осомничени за пожарот во Кочани
-
Трамп: Русија треба да се размрда
-
Нова фаза за Сојузот на економисти на Македонија: Враќање на знаењето и стручноста во време на економски предизвици
-
Тројца од повредените во Кочани отпуштени од болниците во Пловдив и Варна
-
Таткото на Вања одби да одговара на прашањата за Палевски
-
Касами: Убеден сум дека Влен и на локалните избори ќе оди заедно и ќе го покаже тоа што го покажа на парламентарните
-
Митева: Издадени 28 решенија за привремена забрана за работа, правни субјекти работеле без лиценца или не исполнувале минимално технички услови
-
Ѓорчевски: Не видов конкретни чекори за пронаоѓање на Вања