На преминот Богородица за излез се чека од 60 до 90 минути, на Табановце за влез во земјата 30 до 40 минути
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. Поради зголемена фреквенција на возила, времето на чекање на ГП Табановце за влез во државата е 30 до 40 минути,додека на ГП Богородица за излез од државата е 60 до 90 минути. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Од настанатите поплави на 14.06.2003 год. во Делчево и околината оштетени се темелите на мостот на Црвенска река на магистралниот пат А3 делница Македонска Каменица – Делчево. Сообраќајот на мостот се одвива наизменично, по една коловозна лента.
Регионалниот пат од с.Извор кон Прилеп, поточно с. Степанци Општина Чашка кон Прилеп е со наноси од земја и кал поради дождот и истиот е непрооден.
Почнувајќи од 08.4.2023 година, патниот правец Охрид - Ресен, преку националниот парк Галичица е отворен за сообраќај за возила со дозволена носивост до 3.5 тони.
Ново на Сител
-
Веста дека починал Илија Темелковски не е точна
-
Кривична за поранешниот директор на охридската Општа болница
-
На Санторини прогласена вонредна состојба
-
Неколку лица ограбиле, па запалиле деловен објект во Бутел
-
25-годишен маж по расправија со својот брат, си ја запалил куќата
-
Триесетдневен притвор за поранешниот директор на СОЗР, Пеце Мирчевски
-
МВР: Извршени претреси на 16 локации во Одделот за општи и заеднички работи
-
ZANO донира инхалатори за пациенти со муковицидоза