-->
-->
На протестите во Франција околу 740.000 луѓе
-->
На вчерашниот десетти протест против пензиската реформа ширум Франција учествуваа 740.000 луѓе, а во Париз 93.000, соопшти полицијата.Синдикатот ЦГТ соопшти дека вчера во Париз имало 450.000 демонстранти, а повеќе од два милиона во цела Франција.
Ова е помалку од протестот на 23 март, кога според полицијата низ земјава протестирале 1,08 милиони луѓе, а според синдикатот дури 3,5 милиони. Само тој ден во Париз, според полицијата, имало 119.000 демонстранти, а според синдикатот имало 800.000.
Како што наведуваат странските агенции, протестите се во многу тензична атмосфера, во време на стагнација на дијалогот меѓу власта и синдикатите, а насилство имаше и попладнево во Париз.
Полицијата соопшти дека привела 22 лица и ги растерала демонстрантите кои го палеле ѓубрето насобрано поради повеќенеделниот штрајк на вработените во градското чистење.
Вчера имаше протести низ цела Франција: во Бордо, Нант, Рен, Марсеј, Тулуз, Брест, Стразбур и Ница.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Поради силни турбуленции повредени се 12 лица на лет на „Катар Ервејз“ на релација Доха-Даблин
-
Скопјанец почина косејќи трева во двор, го усмртил струен удар
-
Дачиќ: Резолуцијата за Сребреница не е правно обврзувачка
-
Ја вознемирувал поранешната партнерка и непочитувал судска мерка, уапсен неготинец
-
Без струја утре делови од Ѓорче Петров и Карпош
-
Голема тепачка меѓу навивачи на Олимпијакос и Панатинаикос во Берлин
-
„Од Битола до Вевчани се сардисано“ - годишен концерт на КУД „Дримкол“ Вевчани
-
Млад возач на „јамаха“ заврши во болница по судир со „пежо“