-->
-->
На студентските собири на УКИМ донирани 415.724 денари, УСС ги уплатил на сметката на Црвен крст
-->

Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ денеска на сметката на Црвениот крст ги уплатил парите што студентите ги донирале на собирите организирани вчера и завчера за помош на семејствата на жртвите и на повредените во пожарот во Кочани.
УСС на УКИМ на Фејсбук попладнево објави копија од уплатени 415.724 денари на сметката на Црвениот крст - Фонд за солидарност.
- Во интерес на транспарентноста, ве известуваме дека средствата во висина од 415.724 денари собрани на собирите одржани на 17 и 18 март во организација на УСС-УКИМ, се уплатени на сметката на Црвениот крст, во Фондот за солидарност, како помош за настраданите во трагедијата во Кочани, објави студентската организација.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Драма на летот над Македонија
-

Ќе има ли нови изборни правила до 15 јули? Власта со нов повик до опозицијата
-

ДПТ стана дел од владејачката коалиција
-

ВРЕДИ гледа вмешаност на ДУИ во скандалот на „Ќафасан“
-

Построги правила за студентите во домовите со новиот Закон за студентски стандард
-

Разоткриена ИПАРД шемата: Поткуп од 50 илјади евра за проект од половина милион
-

Летниот одмор годинава поскап за 15% од ланскиот
-

Следната недела ќе се знае дали Охрид ќе го задржи статусот на светско наследство
