На судењето за „27 април“ искази даваат сведоци на одбраната

Со сослушување на сведок предложен од одбраната денеска во Кривичниот суд во Скопје продолжи судењето за случувањата во Собранието на Република Македонија на 27 април минатата година.
Судскиот процес го води судијката Добрила Кацарска, а застапници на обвинението се Вилма Русковска и Ивана Трајчевска.
Во судница се присутни сите обвинети.
Адвокат на Крсто Мукоски, Гоце Ристевски, пред почетокот рече дека го повлекува предлогот за сослушување на вториот сведок Драган Данев, кој како што рече, поради здравствени причини не може да присуствува на денешното рочиште.
Сведокот Марија Ангелова, која во 2017 година била пратеник во Собранието, рече дека додека била пратеник била дел од компактна и единствена пратеничка група на ВМРО ДПМНЕ. На прашање од одбраната, рече дека на 27 април минатата година била како и многу други луѓе дел од протестите за единствена Македонија, заедно со пријатели од општина Чаир.
– На протестите одев од патриотски причини и првенатвено за моите пријатели и роднини чаирчани, каде бев и кандидат за градоначалник на локалните избори, рече Ангелова.
Посочи дека на протестите имало мајки со деца, возрасни и пензионери, со еден збор домаќини луѓе. Се пееја песни, од организаторите држеа патриотски говори и следеа патриотски песни. Имаше една позитивна атмосфера и луѓе што сметам дека си ја сакаат државата, рече Ангелова.
– Околу 17.30 се создаде чудна атмосфера, бидејќи веднаш се расчу меѓу народот дека некој пеел една химна, па друга химна. Јас стоев кај Халк банка и наеднаш се создаде сатампедо од народ. Првпат гледам такво нешто и сите практично доживеавме шок. Никој не очекуваше дека може да се случи такво нешто. Кога тргна толпата се придвижив до полицоската куќарка и гледав како народот е веќе пред вратите на Собранието. Од љубопитност направив две-три фотографии. Потоа народот влезе и влегов и јас да ги видам колегите. Поседов 15-тина минути и излегов, кажа Ангелова.
Таа рече дека додека била пратеник од 2014 до 2016 година била дел од вибер група на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ, и дека таа група се уште е активна иако некои не се повеќе пратеници. Посочи дека на 27 април 2017 година немала никаква директна комуникација со тогаш актуелните пратеници
Ново на Сител
-

Вучиќ поднесе оставка, пред крај помилува 49 лица поврзани со протестите
-

Протест во Скопје за поддршка на поранешните команданти на ОВК
-

Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска, директорка на ЦУП
-

Заливот на коските и Самоиловата тврдина најпосетени локалитети
-

Средновековната кула на Беласица ќе стане дел од туристичката понуда на Ново Село
-

Филмот „Македонецот“ потсетник на прогонството и заборавените траги на историјата
-

Делчево очекува деблокада на општинската сметка
-

Протести во Скопје за поддршка на осудените водачи на ОВК
