Нa „Табановце“ и „Богородица“ за излез од земјава се чека 30 минути
Нa граничните премини Табановце и Богородица има зголемена фреквенција на возила за излез од земјава. Времето на чекање е околу 30 минути, информира Авто мото сојузот на Македонија.
На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
Од понеделникот до 31 август на државните патишта во земјава е воведен летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури и тоа во петок од 17 до 22 часот, во сабота од 09 до 18 часот и во недела 09 до 22 часот.
На магистралниот пат Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали - петок од 15 до 22 часот, сабота од 07 до 12 и од 18 до 24 часот и во недела од 07 до 22 часот.
Ново на Сител
-
Путин задоволен од резултатите од руско-американските преговори во Ријад
-
Без вода утре дел од Центар
-
Кривична против 59-годишен професор од Кочани, нападнал ученик со метален предмет
-
Уапсен 28-годишник од светиниколско, се обидел да изврши обљуба врз 18-годишна девојка
-
Измамена 79-годишна жена од Скопје за златен накит и сума од 216.949 денари
-
Кривична за 28-годишен Стружанец, со посебен уред ги намалувал потрошените киловати струја во угостителски објект
-
Симулациска вежба на македонската и грчката полиција за прекугранична контролирана испорака
-
Раководството на Милан разочарано од Ернандез