Македонија
31. August 2024 - 9:06

На „Табановце“ и „Богородица“ зголемена фрекфенција на возила

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по cуви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини “Табановце” и ”Богородица” за влез и излез од државата се бележи зголемена фреквенција на возила. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.