На „Табановце“ уапсен Германец, запленета е марихуана

Германски државјанин бил приведен на граничниот премин „Табановце“, откако во неговиот личен багаж била пронајдена марихуана, соопштија утрово од Министерството за внатрешни работи.
- Вчера околу 18 часот на граничниот премин „Табановце“, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода Б.М., на возраст од 31 година од Сојузна Република Германија. При гранична контрола и проверка, односно при преглед во возилото „ауди“ со српски национални ознаки, што го управувал, во неговиот личен багаж била пронајдена и одземена марихуана, појаснија од МВР.
Лицето било предадено на полициски службеници од Секторот за внатрешни работи – Куманово.
- По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, потенцираа од МВР.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Розалија Секулоска, психолог
-

Пукање во воздух со пиштоли на прослава во Гостивар
-

Скопјани на удар од западно-нилска треска – нови сомнителни на Инфективна
-

Гостивар во очекување на вода за пиење
-

Кризна состојба поради опасност од пожари
-

Индустриското производство расте, долгот се намалува
-

Нов ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ
-

Критики од ДУИ за ребалансот
