На терените на US Open во Њујорк се подига привремена болница

Дел од Националниот тениски центар каде редовно се одржуваат натпреварите на US Open, ќе биде пренаменет во привремена болница, сe дознава од одлуката на американската Тениска асоцијација (УСТА).
-Нема сомнение, спремни сме да помогнеме. Њујорк е наш дом и треба да се обединиме, истакна прес-секретарот на УСТА, Крис Видмаер.
Пренаменетиот дел се предвидува да прими 350 болнички метса. Притоа, таму ќе бидат згрижени пациенти без потврден Ковид-19, за да се намали преоптовареноста кај другите инфекциони здравствени установи. Опремувањето на првиот од затворените тенисни кортови ќе започне денеска.
Националниот центар за тенис го носи името на американската тениска легенда Били Џин Кинг и го организира US Open од 1978 година.
Претходно, Асоцијација на тениските професионалци (АТП), Женската тениска асоцијација (ВТА) и Меѓународата тениска асоцијација (ИТФ) објавија за прекин на сите тениски натпревари до 7 јуни поради пандемијата на коронавирусот.
Ново на Сител
-

Жетва на ориз до Нова година, штетите се огромни
-

Тема на денот со Весна Пусиќ, поранешна министерка за надворешни работи на Хрватска
-

Во Скопје протест за поддршка на командантите од УЧК
-

Партиски препукувања за темата со мигрантите
-

СДСМ: Партиски кујни на ВМРО-ДПМНЕ за лажни вести
-

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со напади кон Спасовски
-

Франција ја блокира Црна Гора на патот кон ЕУ
-

Може ли да се укине ветото како механизам?
