Набавени девет повратни вендинг машини за пластични и стаклени шишиња во Општина Центар
Првите девет од планираните 27 повратни вендинг машини за пластични и стаклени шишиња набавени од ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ денеска пристигнале, кои локациски ќе бидат поставени низ целата територија на оваа општина.
– Центарци наскоро ќе го започнат светскиот тренд во рециклирањето и ќе се вклучат во процесот на селективно одложување отпад со цел да придонесат во одржување на јавната чистота и да обезбедат здрава и чиста животна средина во општината. За секое рециклирано шише жителите на општина Центар кои ќе се вклучат во овој процес ќе добијат 1,5 денари на новата платежна картичка „Green Pay Card“ која ќе биде пуштена во употреба по поставувањето на машините. Со оваа картичка тие ќе имаат можност да купуваат со попуст во одредени маркети, продавници, локали и слично или да плаќаат за услугите кои ги нуди претпријатието, информираат од ЈП „Паркинзи на Општина Центар“.
Оттаму соопштуваат дека до крајот на 2020 година ќе бидат поставени уште 18 повратни вендинг машини кои ќе бидат обезбедени од Општина Центар.
Ново на Сител
-
САД го истражуваат протекувањето на строго тајни документи со детали за израелските планови за напад на Иран
-
Рама: Обединувањето со Европа е пат со две ленти, 100 отсто сум убеден дека во оваа деценија ќе станеме дел од ЕУ
-
Мицкоски ќе учествува на 20. Европски самит во Салцбург
-
Координатор на ОН за Блискиот Исток: Кошмарот во Газа се засилува
-
Маск ќе подарува по милион долари дневно до изборите на некој што ќе ја потпише неговата петиција
-
Околу 100 ракети истрелани од Либан кон северен Израел
-
Израел го нападна штабот на разузнавањето на Хезболах во Бејрут
-
Маж од скопско ја нападнал својата 19-годишна ќерка