Кошарка
23. September 2017 - 11:19

Националните федерации бараат најдобрите играчи да настапат на репрезентативните квалификации

И додека и натаму се води војна помеѓу ФИБА и Евролигата реагираа и националните федерации.Шест од нив, оние на Грција, Италија, Шпанија, Русија, Турција и Германија, односно оние од добар дел кои важат како главни на Стариот континент, донесоа заеднички заклучоци кои се поставени во три точки.
- Најдобрите играчи од Евролигата ќе бидат повикани за настап во квалификациите за СК
- Шестте федерации ќе ги подржат напорите на другите федерации во своите тимови да ги вклучат играчите од Евролигата.
- Федерациите ќе бараат од ЕЦА да помести два термини на одигрување на натпреварите во Евролигата во ноември и февруари, кога се одржуваат квалификациите под јурисдикција на ФИБА.