Над 100 лица уапсени во септември поради поседување на дрога

Во рамки на тековните оперативни активности од областа на сузбивање на недозволената трговија со дрога, полициски службеници од различни полициски организациони единици во текот на месец септември, во повеќе различни случаи лишија од слобода над 100 лица, меѓу кои и неколку малолетници, кај коишто при извршени лични прегледи и прегледи на возила, биле откриени и запленети поголема количина на марихуана, бела грутчеста материја, бела прашкаста материја, кафена прашкаста материја, МДМА таблети, амфетамин, хероин, дробилки, соопшти МВР.
Исто така, врз основа на извршени претреси во текот на изминатиот месец, покрај откривањето и заплената на одредени количини марихуана, кокаин, хашиш, амфетамин и дробилки, во околу десеттина различни случаи беа лишени од слобода и беа поднесени кривични пријави против повеќе од 15 лица како осомничени за сторено кривично дело по член 215 од КЗ на РСМ.
Воедно на Граничниот премин „Табановце“ во месец септември при влез во земјава, во неколку одвоени случаи, кај српски, унгарски, австриски и белгиски државјани, исто така беа откриени кокаин, амфетамин и марихуана.
Исто така во текот на септември на регионалниот пат Битола-Прилеп полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, СВР Битола и САЕ Тигар од Бирото за јавна безбедност при МВР, во рамки на засилените активности во борбата против недозволена трговија со дрога, спречија транспорт на околу 35 килограми марихуана.
Ново на Сител
-

Реми на македонските ракометари со Австрија
-

ФФМ усвои нов Статут и најави четиригодишна стратегија за развој на македонскиот фудбал
-

Владата утре во 12 часот со вонредни мерки за горивата
-

Полицајци и пожарникари го пребаруваат теренот во Зрновци каде беше пронајдено распаднатото тело на жена
-

Шест лица уапсени за семејно насилство, вкупно седум пријави во последното деноноќие
-

Тело на жена во распаѓање пронајдено во близина на Зрновска Река
-

Пожар во куќа во Прилеп, повреден пожарникар
-

Осумгодишно дете прегазено на патот Радовиш-Конче
